Од полноќ нови цени на горивата

 

Регулаторната комисија денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.

Минатата недела, цената на бензините се зголеми за 1,5 денар по литар, а дизелот поскапи за два денара.

Моментално малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 83, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар поскапе и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое се продава за 73 денари за литар. За 1,815 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 46,537 денари.

РКЕ денеска има состанок, а веднаш после него ќе информираме дополнително во текот на денот дали има ново покачување на горивата од полноќ, или пак не.

14.02.2022 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега