Стотина компании побарале странскa експертска помош од Владата

 

Владиниот потпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција истакна дека деведесет и осум компании од различни сектори се пријавиле за вклучување во владиниот проект за обезбедување странска експертска помош, со што  одѕивот од компаниите е голем и резултатите се над очекувања.

Најголемиот број од пријавените компании се од преработувачката индустрија, ИКТ, услужните дејнсоти, трговијата и земјоделството.

Проектот е во втора фаза што значи дека ќе се посетуваат компаниите за да се утврди каков профил на стручњаци им се потребни. Се очекува експертите да бидат ангажирани во компаниите на крајот на јануари или почетокот на февруари.

 

20.11.2013 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега