Узунов: Минималната плата се качи и поради поскапувањето на многу производи
Универзитетскиот професор Ванчо Узунов смета дека покачувањето на минималната плата не е само поради притисокот, туку поради новите поскапувања на многу производи, истакна универзитетскиот професор Ванчо Узунов во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.
-Освен што е цена на трудот, минималната плата е социјална категорија за голем број семејства. Треба да се обезбеди малку помало непријатно ниво. Проблемот е као овие рабтои течат во иднина без да имаме потреси. Тоа е најбитно, вели професорот во гостувањето на емисијата „Топ тема“.
Според него, зголемувањето на платата треба да се воведе како системско решение.
-Покачувањето да не биде под 57% од просечната плата и да се корегира 50% од порастот на минималната со порастот на просечната со 50% од растот на инфлацијата. Исто така потребни се реформи за подобрување на квалитетот на работната сила за квалитетот на човечкиот капитал, вели Узунов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа