Манастирот Св. Ѓорѓи се најде на листата на "World Monuments Watch"
Полошкиот манастир Св. Ѓорѓи во Кавадарци се најде на листата "World Monuments Watch" за 2013 година.
Полошкиот манастир е избран меѓу 67 локалитети, односно споменици на културата од 41 земја, и секој од нив претставува незаменливо сведоштво на човековите достигнувања и на различноста на културите од целиот свет. На листата манастирот е предложен од Јасминка Николиќ Новаковиќ, историчар на уметност – советник конзерватор и м-р Јехона Спахиу, историчар на уметност – виш конзерватор, кои ја подготвија апликацијата испратена до World Monuments Fund (WMF). Предлогот е поддржан од директорот на НКЦ, м-р Мемет Селмани, како и од Управата за заштита на спомениците на културата.
Полошкиот манастир е четвртиот споменик на културата, локалитет од Македонија кој е вклучен во WMW листата по манастирот Трескавец, Прилеп (2006), црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид (2008) и археолошкиот локалитет Стоби, Градско (2012).
Поопширни информации можете да најдете на интернет страната на WMF: http://www.wmf.org/watch/about-watch, како и на директниот линк: http://www.wmf.org/project/monastery-poloshko.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа