Кулиќ: Имало многу грешки - ќе се потрудиме извештајот за владиниот кингер да биде готов до декември

 

Претседателот на комисијата која врши нова истрага за падот на владиниот кингер при што животот го загуби македонскиот претседател Борис Трајковски, Омер Кулиќ, вели дека се направени многу грешки и пропусти, па затоа новата истрага опфатила се и ги анализирале сите детали и активности.

Тој во изјава за МИА вели дека се надева дека конечниот извештај на комисијата за големата трагедија ќе биде готов до крајот на годинава.

- Ќе се потрудиме, извештајот да биде готов до крајот на годинава. Меѓутоа, ако малку задоцниме ве молам тоа да не се земе за зло. Апсолутно се е разрешено во врска со самиот лет и несреќата. Ќе завршиме се, нема да остане ниту едно отворено прашање, вели Кулиќ и додава дека целата екипа ги анализира досега добиените податоци.

Исто така, Кулиќ додава и дека се веќе земени изјави од жителите на Ротимље.  - Има малку недоразбирања, бидејќи тоа се случи многу одамна, некои од нив и не се живи. Ние веќе имаме битни работи кои укажуваат дека имало информации, изјави Кулиќ.

Направени се доста снимања, извршени се многу летови при што неколку работи јасно се докажани, а некои се исклучени. Во текот на декември, најави Кулиќ, комисијата во целосен состав ќе пристигне во Скопје и ќе ја информира јавноста.

За потсетување, авионската несреќа во која загинаа претседателот Трајковски, придружната делегација и екипажот се случи на 26 февруари 2004 година на подрачјето на село Ротимље во близина Мостар.

20.11.2013 - 10:55
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега