Ќе "летаат" казни од 500 евра ако одбиете да дувате во алкомер

 

За време на викендот, по скопските улици, екипата на Вечер, заедно со сообраќајната полиција беше во контрола за да провери колку од возачите не ги почитуваат правилата и возат во пијана состојба.

-Добровечер господине, Ве молам вашите документи, беше првото што го слушнавме кога стигнавме кај првата полициска екипа, која вечерта беше стационирана кај Генерал-штабот. Полициските патроли веќе ги извршуваа своите задачи и имаа сопрено возач кој се претставуваше како астматичар. Со мисла дека човекот глуми и се обидува да ескивира да дува во дрегерот, кој треба да покаже дали и колку алкохол пиел вечерта, останавме да сведочиме како полицаецот најучтиво му се обраќа со појаснување: Господине, ви даваме нова цуцла (која од најлон-паковката ја отвори пред него) полека и без брзање, кога ќе ви кажам ќе почнете едномерно да дувате се додека не се запали зелената сијаличка. Тоа што сте астматичар нема да ви направи никаков проблем со здравјето затоа што овие дрегери се направени да може и дете од седумгодишна возраст да дува во нив и истиот да покаже резултати", на овој говор на полицаецот, човекот, кој претходно му покажа инхалатор како доказ дека навистина е астматичар, дувна во апаратот за покажување на нивото на алкохол, велат од Вечер. Алкотестот покажал дека човекот нема алкохол во крвта.

Инаку, во случај да одбиете да направите алкотест, полицијата веднаш може да ви пише казна од 500 евра.

-Веднаш потоа се преселивме на нова локација. На булевар Словенечка, сообраќајна полициска патрола правеше контрола за брзината на движење на автомобилите на овој булевар. Тука максимално дозволената брзина е 60, но во моментот кога екипата на "Вечер" дојде на местото, БМВ-то со скопски таблички беше фатено како се движи со 97 км на час. Оваа бројка ја покажа радарот кој полицаецот го држеше вперен кон БМВ-то. Возачот со себе немаше возачка дозвола, поради што следеше контрола на неговиот идентитет и контрола на возилото. Секако, доби казна од 350 евра за брзо возење, но ние заминавме на друга локација да не бидеме сведоци на маката на скопјанецот, кој, се надеваме, дека научи да ја почитува максимално дозволената брзина, пишува Вечер.

По две-три стопирања поради контрола конечно ни се насмевна нам среќата, но не и на возачот кој беше сопрен, затоа што дрегерот покажа дека момчето има 1,79 промили алкохол во крвта, а дозволено е 0,50 промили или еднакво на една чаша пиво. Секоја следна чаша ќе ве чини повеќе пари и вашата возачка дозвола. Полицаецот покрај казната од 350 евра која му ја напиша на нашата "жртва" ја исклучи и од сообраќај со појаснување дека момчето ќе остане без својата возачка дозвола од 9 до 12 месеци.

20.11.2013 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега