„Способност наспроти неспособност“ - дебата за унапредувањето на вработувањето инвалидни лица

Полио Плус – движењето против хендикеп, во рамки на проектот „Способност наспроти неспособност“ поддржан од Европската унија, денеска организира јавна дебата за иницијативата за унапредување на Законот за вработување на инвалидни лица.

- Темата вработување е една од најгорливите области кога во фокусот ги имаме лицата со хендикеп. Токму во оваа област лицата со хендикеп се соочуваат со најголема дискриминација и злоупотребување на нивните права. Поттикнат од тие причини, Полио Плус, во рамки на проектот „Способност vs неспособност“, поведе иницијатива за унапредување на Законот за вработување на лица со хендикеп, согласно Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп на ООН, велат од Полио Плус.

Посебен акцент ќе се стави на потребата од воспоставување соодветна законска рамка фокусирана на правата на лицата со хендикеп во работниот процес.

20.11.2013 - 09:24
Фото: 
Факултети.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега