„Стоп на насилството врз децата“ - одбележување на Светскиот ден на детето

 „Стоп на насилството врз децата“ – под ова мото денеска се одбележува 20 ноември Светскиот ден на детето.

Народен правобранител истакнува дека почитувањето на правата на детето е една од најважите работи кон кои треба сите да се стремиме, затоа што за едно општество нема поважна работа од создавање здрави, образовани, толерантни поколенија подготвени да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот. Тој истакнува дека овој ден е можност секој човек да се потсети дека и тој имал детство и да се запрашаме што променивме во најдобар интерес на децата?

- Свесни сме дека за да има хармоничен развој на личноста на секое дете, треба да создадеме услови тоа да расте во здрава семејна средина, во пријатна атмосфера исполнета со среќа, љубов и разбирање.Токму тоа не задолжува децата да ги третирама како рамноправни на нас возрасните, како активни субјекти и носители на права и обврски. Кон нив треба да се однесуваме со должно внимание, ним треба да им овозможиме образование, со цел натамошен просперитет на човештвото, порачува Народниот правобранител. 

Светскиот ден на детето - 20 Ноември се одбележува од 1954 година. На денешен ден во 1959 година Генералното Собрание на ОН усвои Декларација за правата на децата.

 

Според податоците од УНИЦЕФ, за жал секоја година милион деца во светот се жртви на сексуално злоставување, експлоатација и трговија со луѓе.

20.11.2013 - 09:17
Фото: 
групер

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега