Сонцето од Кутлеш повторно пред пратениците

Пратениците и денеска ги очекува многу работа. Во Собранието седници ќе одржат комисиите за здравство, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

Единствена точка на дневeн ред на Комисијата за здравство се измените на Законот за здравствено осигурување, додека Комисијата за труд и социјална политика ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за заштита на децата и измените на Законот за социјалната заштита, измените на Законот за работни односи.  Законодавно-правната комисија, пак, треба да расправа за измените на Законот за пасиштата и на Законот за земјоделското земјиште, двата во второ читање, а ќе ги разгледа и измените на Законот за внатрешни работи и измените на Законот за Државниот инспекторат за локална смаоуправа, двата во прво читање.

На дневен ред на комисијата се и Предлог-законот за медијација, предлог-измените Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, како и Предлогот на закон за забрана на користењето на симболот истакнуван на знамето на Република Македонија пред влегувањето во сила на привремената спогодба потпишана меѓу Република Македонија и Република Грција во 1995 година и знамето што го содржи овој симбол, поднесен од пратеникот Ивон Величковски. Законодавно-правната комисија ќе разгледа и други законски решенија од повеќе области.

20.11.2013 - 09:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега