Од полноќ нови цени на горивата

 

Како и секој работен понеделник, така и овој напладне, Регулаторната комиија за енергетика ќе ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Претходната недела, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи да поскапат горивата и тоа дизелот за денар и половина, а бензините за денар. Со ова, моментално еуросупер БС-95 се продава по цена од 76,5 денари, Еуросупер БС-98 по цена од 78,5 денари, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се 69 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот чини 42,827 денари за килограм. 

После денешниот состанок на РКЕ, ќе има нови цени на горивата, при што дополнително ќе информираме во текот на денот.

24.01.2022 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега