Минималната плата ќе расте до 18.000 денари - ама ќе видиме кога
Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија.
Очекувањата и на Владата и на работодавачите се дека заради енергетската криза, првите три месеци од оваа година ќе бидат меѓу најтешките досега и затоа треба да се почека со зголемувањето на минималецот. ССМ пак велат дека условите на пазарот се такви што работниците не можат да чекаат.
ССМ и Владата в понеделник ќе разговараат за покачување на платите, К15 за јавниот сектор и непочитувањето на недела неработен ден. Доколку не им се исплнат барањата, синдикалците најавуваат штрајк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа