Македонија најмногу пасоши им издала на Косовари, Албанци и Срби

Колку треба да се плати за црвениот македонски пасош. 400 000 евра инвестиција во државата и вработување на десет лица им гарантира на странците македонско државјанство. Од Декември минатата година борбата за инвестиции ги донесe и новите правила.

Иако последниот член на законот за државјанство додаден пред една година им овозможува на лицата кои ќе инвестираат 400.000 евра да добијат и државјанство сепак МВР до сега нема издадено ниту еден пасош по овој основ, јавува Сител.

Инвеститорите немале интерес преку правото со пари да добијат државјанство но многумина го користеле членот 11. По основ на особен интерес од 2006та до Ноември годинава полицијата издала 180 пасоши. Најголем интерес имало од жителите на Србија кои се први на листата со 48 одобренија. Турција е втора на листата со 34 државјанства, по неа со 14 се САД и Русија со 13. Во Македонија има и по еден нов државјанин од Грција, Нигерија, Уругвај и Судан.

За македонски пасош странците најмногу го користеле основот – национален интерес, за што до сега биле издадени 574 државјанства. Најголем број од нив на жители на Косово дури 155, втори се Србите со 139 а трета Албанија со 132. Поради национален интерес државјанство добиле и 61 канаѓанец, 10 Австарлијанци, 13 Бугари, но и Руси, Американци и Уругвајци.

Ако во Македонија за црвен пасош се инвестира 400 илјади евра, за пасош во земјите од  Европа оваа сума не е многу поголема.

За пасош во Малта потребни се 900,000 долари, кој на новите државјани им ги носи и придобивките од ЕУ, а најчесто го вадат светските џет-сетри. За пасош во Португалија потребна  е инвестиција од 675,000 долари, но со овие пари не се стекнува целосно државјанство.

Летово и Ирска одлучи да го нуди својот пасош на странски државјани за истата сума. Но за да се биде ирец потребно е и време. Државата издава првин резидентна карта, а по пет годишно користење се доделува пасош. Во Латвија државјанството од пет години се наплаќа 96,000 долари. Бугарскиот пасош чини исто колку и македонскиот 400.000 евра. За слична сума се добива и пасош од карибските острови, за 100,000 во Доминикана, а пасошот во Парагвај се добива по три годишен престој во земјата.

Интересот за пасош во странство е голем, но не е мал и во Македонија. Одговор за поднесеното барање се уште чекаат 17 странци.

19.11.2013 - 21:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега