Литванското претседателство со ЕУ забележува голем напредок во Македонија
Литванскиот министер за надворешни работи, Линас Линкевичиус, вели дека Европската Унија забележува голем напредок кај Македонија, но дека и понатаму е потребно многу да се вложува за земјата да биде дел од Унијата.
На прашањето на МИА, дали Македонија ќе се најде на агендата на декемврискиот Самит и дали има клима земјата по петтата едноподруго позитивна препорака од Европската комисија, конечно да ги започне преговорите за членство во Унијата, претседавачот со ГАК, Линкевичиус одговри дека денеска директно не се дискутирало за проширувањето.
- Денеска не се дискутираше директно за проширувањето и само ја нотиравме оваа точка како една од точките на дневниот ред за идните дискусии на Европскиот совет, вели литванскиот министер за надворешни работи.
Исто така, Линкевичиус додава и дека се гледа напредок во земјата, но потребно е уште повеќе да се вложува и земјата да напредува за да се дојде до финалните заклучоци за влезот во ЕУ.
Според најавите од Литванското претседателство, сите одлуки во однос на проширувањето и заклучоците за истото, ќе се донесат на 16 или 17 декември, кога ГАК ќе расправа за оваа точка, што е два дена пред Самитот на Советот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа