Трагедија во Саса: Машина усмрти млад работник
Трагедија во рудникот Саса. 30-годишниот Јанче. Д. кој работел како одржувач на машини во рудникот во Македонска Каменица, починал од тешките повреди со кои се здобил откако при работата врз него паднала машина со која поправал камион.
Како што пренесе МИА, несреќата се случила утрово околу 6 часот додека Дојчиновски работел на поправка на рударски камион во јамата и во критичниот момент машината паднала врз него. Работникот бил свесен и веднаш пренесен во болница, но за жал поради серизоноста на повредите, починал на патот кон болницата.
Инаку, за жал, Јанче зад себе оставил две малолетни деца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа