Тантаров: Наместо да се заканува Заев да побара помош од Владата
Претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија, Вељо Тантаров, денеска јавно регираше во врска со отровните корнишони извезени од Македонија. Според него, македонските краставици наместо на трпеза, завршиле на буниште, поради што е предизвикана голема штета на македонскиот извоз на земјоделски производи.
- Наместо на хрватските пазари, македонските краставици се најдоа на хрватските буништа. Ние како Сојуз на земјоделци мора да реагираме дека со овој потег на извозниците на т.н. отровни краставици ќе се зададе голем удар на македонското земјоделство. Познато е дека нашата држава по распаѓањето на Југославија долго време се бореше да направи ред со пазарите во поранешна Југославија, и токму во Хрватска во 2001 година кога беше потпишана спогодба за асоцијација Македонија доби виза од ЕУ сите земјоделски производи произведени во Македонија да се извезуваат во ЕУ без притоа да се плаќаат некакви давачки. Тогашната вест од Хрватска до 2006 година не беше преточена во стварност и на тој план ништо не се направи. Дури потоа, по 2006 година, во овие седум години со напори на нашата Влада, чекор по чекор се освојуваа европските пазари за нашите земјоделски производи, посочи Тантаров.
Тантаров ги отфрли и јавно ги осуди вчерашните реакции на претседателот на СДСМ Зоран Заев: - Вчера лидерот на СДСМ Зоран Заев ги осуди реакциите на нашите земјоделци од источна Македонија, односно нашиот Регионален центар и асоцијацијата на земјоделци во Штип. Тој воедно најави тужби за медиумите и за земјоделците што реагираа за ова што се случи. Ние сметаме дека Зоран Заев треба да ги смирува работите и да побара помош од Владата за стопирање на се што ќе биде негативно со пласманот на нашите производи на поранешните југословенски и европските пазари и да се најде модел за да се заборави тоа што се случи, а тој заборува нешто што е недолично за лидер на голема партија, нагласи Тантаров.
Исто така, претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија го осуди и вчерашното јавно омаловажување на нивниот член на СЗМ и истакнат земјоделец Никола Стаменов од страна на Зоран Заев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа