Скопје ќе добие 50 нови автобуски постојки

 

Денеска градоначалникот на град Скопје ги промовираше новите автобуски постојки кои ќе бидат поставени во градот.

Од вкупно планираните 226 постојки што треба да се постават до почетокот на 2014 година до крајот на јуни и почетокот на јули ќе бидат поставени 50-ина.

- Градот Скопје добива модерни и современи автобуски стојалишта со челична конструкција, квалитетна настрешница, клупа за седење, непробојно стакло и информативна табла, рече Трајановски.

Автобуските стојалишта ги финансира Градот Скопје со 66 милиони денари.

- Покрај набавката на нови и модерни автобуси денеска сме сведоци дека граѓаните ќе добијат нови модерни и уредни автобуски стојалишта со што Градот Скопје и општините во него ќе го добијат епитетот европски општини, истакна градоначалничката на Општина Кисела Вода, Биљана Беличанец Алексиќ.