Таксистите кои ќе земаат патници на автобуски станици ќе останат без лиценца за работа
Во Собранието синоќа седница одржа Комисијата за транспорт и врски. На дневен ред на Комисијата беше ставен Предлог-законот за превоз во патниот сообраќај, кој синоќа го помина првото читање.
Со новите измени, таксистите ќе можат да земаат и оставаат патници само на такси станици, но не и на автобуски, бидејќи доколку бидат фатени два пати како сотаваат или земаат патници на автобуските станици, таксистите ќе можат да останаи и без лиценца за работа.
Новите измени на законот предивидуваат и категоризација на автобусите кои вршат јавен превоз со што ќе им се намалат патните такси на оние кои исполнуваат еко стандарди.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа