Светски ден за превенција од насилство врз децата
Првата детска амбасада во светот Меѓаши и 240 граѓански организациии од 88 земји во светот го одбележуваат 19. ноември како Светски ден за превнција од насилство врз децата уште од 2001 година.
Како што велат од „Меѓаши“, оваа година, ќе се алармира за влошување на состојбата со насилството врз децата, ќе се поттикнуваат граѓанските организации, државните институции и другите меѓународни чинители, да се активираат во изготвување старатегии и програми за превенција од насилство.
Секоја година на овој ден фокусот е на одредна форма на злоупотреба на деца. Оваа година главен акцент е ставен на детска проституција, препродавање и детската порнографија.
Кога станува збор за овој вид на насилство за сериозноста на овој проблем говорат и статистички податоци: околу 150 милиони девојчиња и 73 милиони момчиња во целиот свет се силувани или се сексуално злоставувани секоја година од страна на некој свој близок или родител/старател.
Според „Меѓаши“, во Република Македонија бројот на случаи на педофилија и родосквернавење е зголемен, но многу од жртвите не ги пријавуваат затоа што извршителите најчесто се нивни блиски роднини или пријатели.
- За нас како Детска амбасада загрижувачки е податокот дека на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 имаме добиено и дојава во која малолетник кој нема наполнето 14 години се јавува како осомничен дека сексуално злоставувало дете кои нема наполнето 5 години. Сексуалната злоупотреба е особено трауматична за детето и остава далекусежни последици врз севкупниот развој. Децата треба да се поучат што можат сами да сторат ако се најдат во опасна ситуација и со кого за тоа може да разговараат. Родителите/старателите, воспитувачите, наставниците државните институции и секупната јавност, се вели во соопштението од Детската амбасада.
Според Меѓаши, крајно време е да стартуваат активности со кои децата би се информирале за начините на кои можат да се заштитат од секаков вид на секојдневно насилство со кое децата се соочуваат.
Превенцијата е, потенцираат, најефикасниот облик на борба против сексуална злоупотреба на децата.
Кога станува збор за другите форми на насилство загрижувачки се податоците дека помеѓу 133 и 275 милиони деца годишно се сведоци на семејно насилство.
Во нашата земја според податоците кои ги добиваме од СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 секоја година како најчест вид на насилство се јавува токму семејното насилство. Минатата година, според податоците на СОС телефонот за деца и млади од 587 деца потенцијални жртви, 106 деца биле жртви на насилство во смејството. Најголем број од децата жртви на семејно насилство се однесуваат на физичко и психичко насилство деца, психичко насилство и негрижа врз дете. Овие податоци го потврдуваат фактот дека во минатото, но за жал и сега родителите често физичкото насилство и психичкото ги користат како мерки, со кои се обидуваат да го наметнат својот авторитет и на таков начин да ги воспитаат и дисциплинираат своите деца.
Светските податоци говорат дека повеќе од половина од 215 милиони деца работници во светот работат во опасни услови.
Република Македонија иако ја ратификуваше конвенцијата бр.182 за итно спречување на најлошите форми на деткиот труд на 31.05.2002 година се уште состојбата со злоупотреба на детскиот труд е алармантна, предупредуваат од Детската амбасада и оценуваат дека злоупотребата на детскиот труд е дирекно поврзана со сиромаштијата и вклучувањето на децата во редовен образовен процес.
Според сознанијата на „Меѓаши“ повеќе од 2.000 децата во Република Македонија секојдневно денот го поминуваат на улица во субстандарни услови, живеејќи под ведро небо без родителска грижа. Најчесто овие деца се жртви на најтешките форми на злоупотреба на детскиот труд. Загрижува и состојбата со децата без извод од матична книга на родените и деца кои се исклучени од редивниот и задолжителнен основно обраовен процес.
- Имено, иако потсетуваме дека државните институции треба да се мобилизираат и да ја преземат одговорноста кога истата затајува кај родителите, треба под итно да се искорени бројката од 1.500 деца без извод од матината книга на родените и сите 18.500 деца кои се надвор од училишните клупи да направат напори истите да ги вклучат и да им обезбедат основни елементарни предуслви на семејствата за нивните деца го посетуваат основното училиште, се посочува во соопштението.
Сите овие податоци, истакнвуаат, говорат дека неопходно е превентивно да се делува и да се разработат ефективни стратегии за заштита на децата. Превенцијата не само што е потребна таа е од суштинско значење. При изработка на превентивните програми потребно е да се вклучат повеќе релевантни чинители како: державни институции, граѓански организации, родители, воспитувачи, наставници, децата и целокупната заинтересирана јавност.
Правата детска амбасада во светот „Меѓаши“ смета дека за да се превенира насилството на подолготрајна осонова потребно е навремено санкционирање и казнување на сторители без разлика за каков вид на насилство станува збор и кој е вршителот на насилството. Доколку децата се јават како сторители потребно е стручните лица од соодветните институции да да ги преземат сите неопходни мерки и активности со цел да се рехабилитира детето насилник и да се откријат подлабоките причини за појава на таков вид однесување.
Инаку, утре 20. ноември е и светскиот ден на детето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа