Снимачи ќе ги "ловат" насилниците кои прават инциденти во автобусите
Се зголемува безбедноста на јавниот превоз. Насилниците кои го нарушуваат јавниот ред и мир и предизвикуваат инциденти ќе бидат ловени со снимачи кои ќе бидат поставени во автобусите.
Како што истакнува директорот на ЈСП-Скопје Мишо Николов, автобусите имаат камери но немаат снимачи.
-Автобусите имаат камери, но немаат снимачи. Во тек е процедурата за набавка на снимачи со кои ќе можеме да ги утврдиме сторителите на инциденти. Сега имаме постапка за набавка на 50 снимачи, кои ќе бидат поставени во автобусите на понебезбедните линии според нашите сознанија. Снимачите ќе ги купуваме во неколку години, затоа што е финансиски товар, истакна директорот на ЈСП-Скопје Мишо Николов, пренесе Курир.
Ќе се вработат 4 контролори кои ќе се грижат за безбедноста на учениците.
-Овие контролори досега имаат спречено голем број на инциденти. Сепак тие се само четворица, а на линија има 13 автобуси со број „65“ и во следниот период планираме да вработиме уште четворица, чија задача ќе биде исклучиво безбедноста на учениците на тој реон, подвлече Николов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа