„Ние сакаме, вие знаете, заедно можеме“ - започна неделата за грижа за стари лица
Под мотото „Ние сакаме, вие знаете, заедно можеме“ ќе биде одбележана „Неделата на грижа за стари лица“ која има за цел да го промовира активното стареење и меѓу генерациската солидарност со која старите лица ќе имаат достоинствен живот, комплетно интегрирани во општеството.
Во рамки на одбележувањето, Црвениот крст на Македонија со поддршка на ЕВН и Министерството за труд и социјална политика ќе спроведе активности насочени кон подигнување на свеста и зголемување на грижата на старите лица преку бесплатен преглед на шеќерот во крвта и крвниот притисок, едукативни и превентивни работилници и хуманитарни изложби.
- Ова е прилика кога уште еднаш може да потврдиме дека државата континуирано работи на се подобра заштита на старите лица, на унапредувањето на социјалниот живот олеснување во пристапот до социјални права и соработка со не владиниот сектор Овој начин на делување е неопходен затоа што старите лица треба да водат активен живот во кој ќе бидат целосно ангажирани нивните потенцијали и во кој ќе ја добијат потребната поддршка од општеството, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов кој присуствуваше на конференција по повод одбележувањето на традиционалната „Недела на грижа за стари лица“.
Стареењето на популацијата, додаде, наметнува голем број на нови квалитативни и квантитативни здравствени, економски и социјални предизвици со кои треба да се соочиме. - Во таа насока се реформите што Владата ги презема во здравствената и социјалната заштита со што значајно се влијае кон подобрување на затекнатата состојба, истакна тој.
Отворени се, центри за давање помош во домашни услови, реализиран е проект за Банско климатска рекреација, проектот грижа за стари лица во домашни услови, се промовираат вонинституционалните форми за грижа на старите лица, а пензиите само во периодот од 2006 година досега се зголемени за 50 проценти. Потсети дека во Македонија веќе постојат четири јавни домови за стари лица, а со отварањето на 15 приватни установи, капацитетите за грижа на страите лица значително се зголемени.
ЕВН Македонија и годинава дава поддршка за одбележувањето на „Неделата на грижа за три лица“. Тие финансиски ќе ги поддржат тимовите кои се грижат за старите лица во Скопје, Велес, Крива Паланка, Дебар и Кичево.
- ЕВН Македонија ќе продолжи со донирање на средства за волонтерските тимови на Црвен Крст, кои даваат помош на стари лица во домашни услови и во центрите за грижа на стари лица кои веќе постојат во Скопје, Велес и Крива Паланка, а ќе овозможи и отварање на нови центри во Кичево и Дебар, изјави Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Од Црвениот крст на Македонија истакнуваат грижата за старите лица останува нивна редовна активност која ја спроведуваат континуирано, а не само во рамките на „Неделата за грижа за стари лица“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа