Главниот државен ревизор на конференција во Црна Гора

 

Државниот завод за ревизија предводен од главниот државен ревизор Тања Таневскa учествува на Меѓународна конференција во Црна Гора. Делегацијата е дел од конференција на врховните ревизорски институции и парламентите во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија.

Претседателите на врховните ревизорски институции на земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ и на Европскиот суд на ревизори во Будва на 20-ти овој месец ќе го одржат и својот редовен состанок. На агендата на овој состанок се постигнати резултати од активности на мрежата во претходниот тригодишен период, односно дефинирање на нов рамковен план на активности за периодот 2014-2015 година.

18.11.2013 - 12:17
Фото: 
окно.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега