Наградата „Андреја Дамјанов“ оди во рацете на Токарев
Асоцијацијата на архитекти на Македонија вечер во црквата „Света Богородица“ во Скопје ќе ја додели наградата за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството „Андреја Дамјанов“ за 2013 година.
Oваа година наградата оди во рацете на архитектот Михаил ТОкарев, пензиониран редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.
Во своето образложение петчлената комисија што ја донесе одлуката ги набројува неговите дела: издавачкиот проект „100 години модерна архитектура“ во три тома, голем број проект-елаборати од широката сфера на заштитата и ревитализација на недвижното културно наследство, учество со авторски текст во макропроектот на МАНУ „Историја на културата на Македонија“ (Архитектурата на почвата на Македонија од средината на 19 до крајот на 20 век), учество во бројни проекти од областа на проектирањето и урбанистичкото планирање и во голем број јавни и анонимни архитектонски урбанистички конкурси, серија написи во списанието „Порта 3”.
- На наше задоволство, набројувањето на се она што го сработил Михаил Токарев и она што го остава како трајно сведоштво од областа на архитектурата е огромно, така што во голем дел може да послужи како убав пример и патоказ, соопшти ААМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа