Македонија ја одбележува Неделата на грижа за старите лица

 

Македонија од денеска ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. 

Одбележувањето на Неделата на грижа за старите лица има за цел да се подигне свеста на населението за правата на старите лица, како и за нивната грижа и помош.

Активностите се во рамки на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, финансиран од Министерството за труд и социјална политика, Градот Скопје и ЕВН Македонија.

Во рамки на одбележувањето на Неделата на грижа за стари лица, ќе се реализираат повеќе активности, меѓу кои инфо точки на четири локации на територијата на Скопје, ЈСП ден во соработка со јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје, солидарност во Дневниот центар за стари лица, како и посета на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“-Скопје.

Под мотото „Ние сакаме, вие знаете, заедно можеме“ денеска во Дневниот центар за стари лица ќе се одржи конференција во организација на Црвениот крст на Македонија и ЕВН Македонија, на која ќе присуствува и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов

18.11.2013 - 09:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега