Влада: Ако почнат брзо да растат цените на храната ќе ги замрзнеме

 

Ако цените почнат побрзо да растат, мерки ќе има. Владата ја следи состојбата, но дали ќе тргне по примерот на Србија и ќе ги ограничи цените на основните прехранбени производи, засега не се знае, но владата е во постојана комуникација со сите засегнати и ќе реагира соодветно.

Замрзнување на цените во земјава може да предложи Министертсвто за економија повикувајќи се на Законот за трговија. Од кабинетот на министерот ни одговорија дека поспакување на одредени производи има и тоа се должи на берзанските цени на струјата и нафатата.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статстика за месец октомври 2021, раст на цените на мало е забележан кај маслото од 2,3%, лебот и житата 1,8%, месото 1,7%, млекото 0,7%, сирењето и урдата 0,5% и други прехранбени производи 1,2%. За месец ноември 2021 ја следиме состојбата со растот на цените, за што доколку значително се забрза растот на цените Министерството за економија ќе процени за превземање на следни чекори“, стои во одговорот од Министертсвто.

Во Србија од денеска ги врати цените на нивото од 15 ноември и ги замрзна. Во следните 60 дена не смеат да поскапуваат млекото, маслото, шеќерот, брашното и свинското месо.  За тие што ќе ја прекршат мерката казните стигаат и до 17.000 евра,  а предвидено е и затворање на дејноста во траење од 6 до 12 месеци.

02.12.2021 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега