Предлог - буџетот за 2014 денеска пред Комисијата за финансирање и буџет

 

Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за транспорт, врски и екологија и за локална самоуправа.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-буџетот на Република Македонија за 2014 година и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, по скратена постапка.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за јавните патишта и на Законот за превоз во патниот сообраќај, и двата во прво читање.

Членовите на Комисијата за локална самоуправа ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, во прво читање. 

18.11.2013 - 08:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега