Јувентус може да биде преселен во Серија Б и да остане без една титула?
Италијански Јувентус е под истрага за финансиски малверзации при реализација на повеќе трансфери во последните три години.
Според последните најави од Апенините, ако се утврди вина во поголемиот дел од наводите, можно е Јувентус да биде преселен во Серија Б а воедно да остане и без последната титула во Серија А.
Од Јувентус тврдат дека соработуваат со службите и уверуваат дека се ќе биде познато наскоро. Според „Кориере Дело Спорт“ во истовреме се врши и истрага во работата на Рома, Наполи, Аталанта, Џенова и Сампдорија.
29.11.2021 - 21:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа