Македонија го одбележува празникот „Источен петок - Балаклија“

 

Денеска во сите градови во Македонија се одбележува празникот на мајката Божја, „Источен петок - Балаклија“.

Во Пијанечко-малешевскиот регион со повеќе црковно-народни собири и фолклорни манифестации денеска се одбележува верскиот празник „Источен петок - Балаклија“. Голем број верници од рано утро ги посетуваат трите извори кај месноста Света Вода во атарот на село Тработивиште. За водата од трите чешми посветени на Св. Богородица, Св.Недела и Св. Петка се верува дека има лековити својства и исцелителна моќ, па таму посетителите палат свеќи, принесуваат дарови и молитви, се мијат и пијат за здравје.

Исто така, по повод христијанскиот православен верски празник Источен Петок, кај народот познат како Балаклија, денеска во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски“, кај Крива Паланка, се одржа црковно-народен собор. Верниците во оваа пригода не заборавија да си наполнат од водата која извира во внатрешноста на помалата црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица за која вода се верува дека е лековита.

 

најчитано сега