Промоција на Националната база на емисии на стакленички гасови на Александар Велики

 

Денеска на аеродромот Александар Велики во Скопје заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и постојниот претставник на УНДП во Македонија Александро Фракасети ќе бидат дел од промоцијата на Националната база на емисии на стакленички гасови.

Заменик-министерот Темелковки и Фракасети ќе имаат свое обраќање на промоцијата, а ќе говорат и генералниот менаџер на ТАВ Македонија-Аеродром „Александар Велики“ Скопје Зоран Крстевски и директор на М-НАВ (Македонски навигации) Николет Тагарински.

 

најчитано сега