Се реконструираат неколку патни правци - внимавајте!
Денеска во Македонија сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива тековно без проблеми по суви коловози.
Сообраќајот на патниот правец Гостивар - Кичево преку мостот на 1,5 км пред Стража е нормализиран и е прооден за сите видови на возила.
Патниот правец Р-504 Ресен - Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.
На патниот правец Гостивар - Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента регулиран со семафори.
Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес - Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.
Патниот правец Р-103 Неготино - Радовиш односно Неготино - Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино - Криволак - Пепелиште и тоа само за лесни возила.
Информација за движење на патниот правец Р 104 Скопје-М.Брод преку н.Јасен од 01.04.2013год. Скопје-М.Брод од 06:00 – 09:00 часот и од 16:00 – 18 часот. М.Брод-Скопје од 05:00 – 06:00 часот и од 18:00 – 20 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 30 метри. Поставена е соодветна патна сигнализација, а екипите на ЈП Македонијапат работат на оспособување на теренот за алтернативна втора коловозна лента како би се нормализирал сообраќајот.