„Неконтролирата брзина убива“
Преставници на авто школите од градот, локалната самоуправа, Центарот за социјални работи, ЈП „Македонија пат“ и Фондот за патишта денеска беа запознаени со статистичките податоци за подрачјето на СВР Велес дека во последните 5 години од 52 сообраќајни незгоди со смртни последици, 35 се поради неприлагодена брзина, а загинале 40 лица како резултат на неприлагодената брзина. На овој начин СВР Велес го одбележа 17 ноември, Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.
За да се намали бројот на жртвите и да се подигне свеста кај граѓаните, во Велес, Кавадарци и Неготино ќе се реализираат 10 работилници за сообраќајна поука за лица кои ја пречекориле брзината. Во кампањата на сообраќајната полиција ќе бидат делени рекламни материјали на граѓаните (миризливи фрешови и флаери) со логото на проектот. Доколку се обезбедат финансии, ќе се постават и билборди со логото на проектот за рано предупредување на возачите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа