Битолчани превезувале илегални мигранти од Авганистан Сирија и Пакистан

 

Илегални мигранти од Сирија, Авганистан и Пакистан завчера околу 23 часот се забележани како влегуваат во возила марка „Ауди А 4“, „Опел Омега“ и „Форд Ескорт“ со битолска, ресенска и струмичка регистарска табличка. Возилата полицијата ги пресретнала на автопатот „Александар Велики“, на патниот правец Скопје - Гевгелија, кај надвозникот во близина на село Прдејци. 

Кај ТЕЦ-Неготино, едно од возилата ненадејно закочило и го попречило правецот на движење на полициските службеници, а потоа завртело во спротивен правец за да избега. Потоа сите возила застанале, и патниците започнале да бегаат на различни страни. Сепак, полицијата успеала да ги спречи возачите на автомобилите, 22-годишниот Ш.К. и 26-годишниот К.У. да побегнат од местото на настанот.

Според МВР, вчера, во одвоен случај, на А-1 Неготино-Велес кај наплатна станица „Стоби“-Градско, во „Волсваген Шаран“ со бугарски регистарски таблички управувано 39-годишниот П.И.А. од Бугарија се затекнати девет авганистански државјани, сите без патни исправи. Л

16.11.2013 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега