Пијан тетовчанец си ја избодел невенчаната сопруга
Од страна на Хирушка амбуланта при Клиничкиот центар во Тетово синоќа било пријавено дека кај нив е донесена 47-годишната тетовчанка С.Д. со убодна рана во пределот на левото рамо.
Полицијата веднаш превзела мерки по пријавувањето на случајот, па така, во дворот од нејзината куќа бил затекнат вонбрачниот сопруг, 51-годишниот Р.Р. кој имал повреди во пределот на главата. По извршениот разговор со него полицијата открила дека тој откако се вратил дома во алкохолизирана состојба започнал расправија со девојката, при што во еден момент збеснал и и ја нанел повредата.
Против него ќе следува соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа