"Јутарњи лист": Македонија - прва земја во регионот која воведува хемиска кастрација за педофилите

 

Весникот Јутарњи лист пишува дека Македонија е прва земја во регионот која воведува хемиска кастрација за педофилите. 

-Македонија е првата држава во регионот која воведува хемиска кастрација за осудените педофили поради долгогодишниот проблем со зголемување на бројот на случаи на сексуално злоставување на деца и политиката која ја спроведуваа македонските судови  со малите казни, пишува хрватскиот весник.

Весникот исто така пишува и за изјавите на македонскиот министер за труд и социјала, Диме Спасов.

-Министерот нагласи дека такво лечење се применува во САД и други земји и не е опасно по здравјето. Станува збор за инекција со која се смалува либидото и се применува на секои шест месеци. Како што најави оние кои се осудени за педофилија, ќе добијат помалку години затвор ако се согласат на лечење. Таков избор нема да имаат можност педофилите кои ќе го повторат делото. Хемиската кастрација во тој случај ќе се изведе без нивна согласност. Според најавите , судот ќе процени  колку долго ќе трае лечењето или тоа ќе биде до крајот на животот, пишува весникот.

-Кога овие измени на казнениот закон ќе стапат во сила, нема да се применува ретроактивно за веќе осудените педофили. Министерот објасни дека оваа мерка за заштита на децата од најтежок облик на злоставуања и неговото воведување е поддржано од јавноста. Македонија со овие измени се вбројува меѓу земјите како што се Русија, Јужна Кореја, Молдавија, Данска, Чешка, Полска, Велика Британија, Франција, Германија каде што хемиската кастрација е дозволена, стои во текстот.

 

16.11.2013 - 11:47
Фото: 
Нетпрес

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега