Грчки медиуми: „Едно, две, три, многу Скопја“

 

Грчките медиуми сеуште пишуваат за изјавата на американскиот помошник државен секретар за Европа, Викторија Нуланд околу грчко-македонскиот спор за името. Нуланд изјави дека „има две или повеќе формулации кои би требало да можат да бидат прифатливи“ за да се реши спорот за името, а грчките весници сеуште со полна пареа пишуваат за оваа изјава.

Како што јавува МИА, весникот „Елефтеротипија“ под наслов „Едно, две, три, многу Скопја“ потсетува дека Нулад беше амбасадор на САД во НАТО, кога поранешниот грчки премиер Костас Караманлис стави вето на влезот на Македонија во Алијансата: - Белата куќа беше незадоволна од ваквиот развој на настаните затоа што беше доведена во заблуда, во голема мера, од проценките презентирани од страна на тогашниот државен секретар Даниел Фрид, кој дрско ја уценувал, па и преку некои грчки медиуми, грчката страна да прифати влез на Македонија во НАТО, коментира „Елефтеротипија“.

Според весникот „засега нема знаци за некакво придвижување на Американците за оваа тема во пресрет на самитот на НАТО во 2014 година“.

16.11.2013 - 10:10
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега