Адеми: Ќе се водиме по информациите кои ќе стигнат од Албанија за уништувањето на хемиското оружје

 

Македонија со официјален став за уништувањето на хемиското оружје кое од Сирија ќе стигне во Албанија ќе излезе по сите можни информации кои ќе пристигнат од ќе нашиот западен сосед. Ова денеска го соопшти министорот за животна средина и просторно планиарње Абдилаќим Адеми.

Прашан за коментар за одлуката во Албанија да се уништува хемиското оружје од Сирија, на денешната средба со новинари по повод кампањата „Климата се менува, Прилагоди се! - Денови на акции за климата“, Адеми рече дека нема официјални информации од Албанија и други организации.

- Денеска или утре треба да се донесе одлука дали Албанија ќе прифати и по официјалната одлука ние треба да бидеме информирани како земја сосед дали ќе прифати и за евентуалните ризици. Во вакви случаи кога една земја се одлучува да прифати уништување на хемиско оружје подршката на Обединетите нации и другите партнери е голема и преку апсекти и финансиска со цел да не се случи негативно влијание и да се намалат сите ризици. Се надеваме дека доколку се случи тоа ќе биде со најбезбедни мерки преземени за ризикот да биде минимален, истакна Адеми.

Во Сирија, појасни тој, има околу 1.300 тони хемиско оружје, но, според информациите неговото уништување таму е невозможно, заради безбедноста и други причини треба да се инвестира на постројка за што треба повеќе време.

- Според резолуцијата на ОН таквото оружје треба да се уништи до крајот на следната година. ОН и меѓународните партнери бараат друга држава каде би можело да се уништи ова оружје. Беа споменати Норвешка, Белгија, Франција и Албанија. Норвешка иако изрази инетрес се откажа бидејќи смета дека нема капацитет за уништување на ова оружје, а Белгија Франција и Албанија останаа во опција, информира ресорниот минисер.

Албанија, според него, поради искуството и пристапот на море за полесен транспорт ги исполнува условите.

- До 2007 година имаше 16 тони хемиско оружје и со подршка на ОН и САД во 2007 година успеа да го уништат хемиското оружје, која од прилика е иста со оружјеот на Сирија. Заради успешното уништување и постројката која постои меѓу Елбасан и Церит, но и заради позитивните резултати бидејќи немаше никакви негативни влијаниа врз животната средина остана опцијата во Албанија да се уништи ова оружје, посочи Адеми.

15.11.2013 - 16:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега