МВР трага по насилниците кои со шипки претепаа деца во автобус на ЈСП

 

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по инцидентите коивчера се случија во автобуси на ЈСП, информира дека МВР ги превзема сите мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот.

- Вчера имаше повеќе инциденти од кои најсериозен беше во автобусот на ЈСП, а МВР интензивно постапува по сите случаи во рамки на своите надлежности и дејствувања, истакна Јанкулоска и во врска со вчерашниот мирен протест на месното население во Стајковци, кое го блокираше патот по инцидентот, со барање за отворање полициска станица и зголемено присуство на полицијата на нивна територија, министерката Јанкулоска нагласи дека сите барања кои пристигнуваат до МВР соодветно се разгледуваат и анализираат и дека тоа е доказ дека граѓаните имаат доверба и можат да се потпрат на полицијата.

Според Јанкулоска, зачестените вакви инциденти, не се само од безбедносно прашање, туку, подвлече, проблемот може да се лоцира и во нарушениот систем на вредности.

- За ова, се спроведуваат низа проекти во соработка со повеќе институции, кои имаат за цел да го намалат бројот на ваквите инциденти помеѓу малолетниците, а преку отворен разговор да го подигнат нивото на општествените вредности кај децата, рече министерката за вантрешни работи.

За среќа, повредените се пуштени на домашно лекување и нивната состојба е стабилна.

15.11.2013 - 15:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега