Договорите со ФЗОМ ќе се потпишуваат по електронски пат
Директорката на Фондот за здравствено осигурување, Маја Парнаџиева - Змејкова, денеска во Струга им ги презентира новините во областа на здравственото осигурување на јавните и приватните здравствени установи. Таа особено се осврна на воведувањето електронски услуги што според неа ќе значи поефикасна, побрза и полесна комуникација на здравствените установи со Фондот за здравствено осигурување.
- На први јануари, договорите меѓу Фондот за здравствено осигурување и сите 4.000 здравствени установи ќе се потпишуваат електронски, бесплатно, на најбрз и најлесен можен начин. Станува збор за електронско потпишување на договорите користејќи ги електронските здравствени картички. Во таа насока ќе дефинираме одредени чекори коишто сите тие како здравствени установи треба да ги спроведат во текот на овие неколку недели, за да ги имаме валидните договори од први јануари, појасни Паранџиева - Змејкова.
Директорката ја објасни и втората крупна новина: - Се работи за доставување електронски фактури врз основа на претходно направени проверки уште пред да бидат доставени со цел здравствените установи да си ги отстранат сите оние неправилности кои досега ги наоѓавме во хартиена форма и врз основа на тоа им ги плаќавме надоместоците, рече Паранаџиева - Змејкова.
Овие две нови електонски форми значат еден милион евра заштеда за здравствените установи и компаниите, средства коишто можат да ги искористат за свои потреби.
- Тоа се средства не ги плаќале во Фондот, но ги трошеле во форма на бензин и редовни и чести посети во службите на Фондот за да се надминат одредени проблеми, истакна Парнаџиева- Змејкова.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа