Им ветиле работа во странство но не им платиле - итри кумановчани измамиле сограѓани
Полицијата во Куманово поднесе кривична пријава против 34- годишниот К.П.кој е сопственик и управител на Друштво за производство, градежништво, превоз, трговија и услуги „ГИЛГАМЕШ“ ДООЕЛ-Куманово за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „измама“ во врска со продолжено кривично дело и против 43- годшниот Д.А. од Куманово за кривично дело „измама“ в.в. со помагање. Во април и мај 2013 година 34- годишниот К.П. злоупотребувајќи ја службената положба заедно со 43- годишниот Д.А. на пет лица им ветиле дека ќе им овозможат вработување во странство иако друштвото не поседувало таква лиценца од Министерството за труд и социјална политика. Имено, на сите оштетени поединечно им наплатиле по 700 денари, а паричните средства не биле внесени на сметката на фирмата, а откако ги испратиле на работа во Германија и Австрија по одредено време не им било платено за работењето. Двајцата кумановци ги оштетиле лицата за 450.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа