Полна куќа емигранти откирена во Тетово
Тетовската полиција пронашла 10 албански државјани во куќата на 47-годишниот А.М. лоцирана на улицата „Љуботенска“ во Тетово. Според податоците од полицијата, албанските државјани биле пронајдени во специјално адаптирана просторија во подрумот на куќата, а сите се на возраст од 17 до 48 години.
Кај тетовчанецот кој ги држел Албанките се пронајдени 17 патни исправи од кои само две на затекнатите лица, а за другите се претпоставува дека се на лица кои илегално заминале од Македонија а престојувале во куќата.
10-те албански државјани се приведени во СВР Тетово и предадени за понатамошен третман на Отсекот за странски и реадмисија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа