„Студирајте и престојувајте во Македонија со дозвола за привремен престој”
Во просториите на МИТ Универзитетот во Скопје денеска ќе се одржи едукативна информативна трибина во рамки на превентивниот проект на подрачјето на РЦ за ГР Север „Студирајте и престојувајте во Република Македонија со дозвола за привремен престој”.
Целта на проектот е информирање на странските државјани- студенти за начинот на регулирање на привремениот престој во Република Македонија потребен за студирање, за обезбедување потребната документација за добивање дозвола за привремен престој и упатување на постапка што ја води МВР за законски привремениот престој.
Предвидени се реализации на трибини и наредните денови на останатите Универзитети на подрачје на РЦ за ГР Север.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа