Пуштено во употреба новото училиште во штипското село Шашаварлија

 

Пуштена е во употреба новата училишна зграда „Гоце Делќев“ во село Шашаварлија, Штип. 

Инвестицијата е на ТИКА, а за изградбата на училиштето издвои 45.000  евра.

Новото училиште е со површина од 100 метри квадратни, во кое годинава учат девет ученици во одделенска настава

Штипскиот градоначалник, Захариев вели дека оваа инвестиција на ТИКА значи многу за населението не само од селото Шашаварлија, туку и за околните села, бидејќи со создавање на современи услови за едукација младите семејства од руралните средини нема да се иселуваат.

Мехмед Сулијаер од Агенцијата ТИКА рече дека во Македонија со финансиска помош на ТИКА опремена е техничка лабораторија на УЈП, опремен е повикувачки центар, а во Источна Македонија помош до сега ТИКА дала во развојот на пчеларството, во обнова на неколку училишта и во подобрување на квалитетот на кочанскиот ориз.

Турската владина Агенција ТИКА работи од 1992 година, во 35 земји во светот каде финансира проекти од образованието, културата и инфраструктурата.

13.11.2013 - 16:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега