Автомобил удри во тротинет во Скопје: Повредени две малолетни девојчиња

Две малолетни девојчиња се здоиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа во Скопје.

„На 01.08.2021 во 22:30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје“, информира МВР.

02.08.2021 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега