Буџетот за 2014 денеска пред пратениците

 

Пратениците денеска ја започнуваат расправата за Буџетот за 2014, за кој позициските пратеници поднесоа 684 амандмани, а најмногу СДСМ - 316, НДП 178, ДПА 150, ПЕИ 33 и НСДП седум.

Предвидено е државната каза за идната година да изнесува  176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори. И на приходната и на расходната страна има зголемување за 7 проценти во однос на годинашниот буџет.

Вкупниот износ на капитални инвестиции се планира да изнесува 22,5 милијарди денари и е за 20 проценти повеќе од оваа година. Од вкупните капиталните инвестиции  предвидени се 3,4 милијарди денари за патната и железничка инфраструктура, за образование, детска заштита и спорт 2,4 милијарди денари или 11 проценти од вкупните капитални инвестиции, за изградба на јавни здравствени установи, односно за клиниките во Скопје и во Штип 1,9 милијарди денари, за енергетски и комунални инфраструктура 1,3 милијарди денари или шест отсто од вкупните капитални расходи, и за изградба на технолошко индустриските развојни зони предвидени се 505 милиони денари. Предвидени се и средства и за пораст на платите за администрацијата за 350 милиони денари, за пензиите 1,8 милијарди денари, а субвенциите во земјоделството се проектирани на 140 милиони евра.

13.11.2013 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега