Намалување на цените во малопродажбата

 

Во наредните три месеци раководителите на фирмите од трговијата на мало очекуваат намалување на продажните цени во наредните три месеци. Резултатите од анкетата на Државниот завод за статистика покажале дека продажните цени во првото тримесечје од годинава е намалено во однос на претходното тримесечје. 

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба  во трговијата на мало во првите три месеци од годинава имале слабата побарувачка на купувачите со 44,3 проценти, зголемената конкуренција со 12,7 проценти и зголемената понуда на пазарот со 10,4 проценти.

Според раководителите, економската состојба на фирмите од трговијата на мало во првиот квартал од годинава е поповолна во однос на претходниот квартал, а понеповолна споредено со првото тримесечје од минатата година. Финансиска состојба на деловните субјекти од трговијата на мало во првото тримесечје од годинава е понеповолна во однос на четвртото тримесечје од 2012 година. Очекувањата на раковoдителите за економската состојба во наредниот период се на исто ниво како и во претходното тримесечје.

Количината на залихите во текот на првиот квартал од годинава е зголемена во однос на претходниот квартал. За очекуваните порачки и за бројот на вработени за наредниот период  раководителите на фирмите рекле дека се на исто ниво во однос на четвртото тримесечје од 2012 година

најчитано сега