И полицајците и инспекторите на УЈП ќе казнуваат за пушење на погрешно место
Во рамки на продолжението на 74 седница, денеска во Собранието се донесени измените и дополнувањата на Законот за заштита од пушењето.
Се предвидува инспекциски надзор над спроведувањето на одредбите од овој закон да вршат Државниот пазарен инспекторат, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Управата за јавни приходи и Министерството за внатрешни работи, додека државниот просветен инспекторат да врши инспекциски надзор во објектите во кои се врши основно, средно и високо образование, научни институции, ученички и студентски домови, јавни и приватни воспитно - образовни и згрижувачки установи и игротеки.
Глобата за пушење во затворени простории каде тоа е забрането, е 300 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа