" Срам да ти е, сум те ранел ѓубре едно" - продолжи судскиот процес за "Фаланга 2"
Во Судот во Скопје денеска клучниот сведок врз чиј исказ се темели и обвинителниот акт за случајот „Фаланга 2“, за кој се товари и директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман,даде исказ во судницата.
Како што пренесува Канал 5, клучниот сведок не негирал дека направил кривично дело и тврдел дека на обвинетите им препродавал артефакти. Останатите обвинети во судницата тврделедека тој лажно сведочи за да се спаси од кривична одговорност.
Прв со сведокот се соочи Илчо Бојчевски, поранешен раководител во Управата за културно наследство, откако сведокот тврдел дека неколку пати носел пари кај него во канцеларија: - Ти си ми дал пари? Срам да ти е што лажеш. Сум те ранел ѓубре едно. Седум Фамилии упропасти. Кој те натера да го збориш ова.
Екс директорот на управата Паско Кузман не се соочи со сведокот, бидејќи не го ни познавал.
Инаку, во рамки на акцијата Фаланга 2 се обвинети 17 лица за злоупотреба на службената положба при ископувањата кај велешко и делчевско каде се барало скриено богатство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа