Климатските промени можат да влијаат врз туризмот

 

Според универзитескиот професор Питер Брнс, климатските промени може да влијае врз туризмот, но треба да се преземаат мерки за негово приспособување. Исто така смета дека Во Македонија треба да се поодигне свеста, односно да се запознаат засегнатите страни кои работат во туризмот.

На денешната тркалезна маса на тема „Влијанието на климатските промени на секторот туризам и можности за адаптација“, што ја организира Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на ОН, Брнс истакна дека Македонија има интересна мешавина од туристички услуги, што може да ги понуди.

- Нудите езерски туризам, можности за посетување на археолошките локалитети, а има и зимски и ски-туризам. Климатските промени имаат влијание врз сите овие видови туризам, рече Брнс.

Во летниот период може да биде премногу топло и туристите нема да можат да го практикуваат руралниот туризам.

- Климатските промени може да имаат влијание врз архолошките локалитети, а секако најзабележително влијание ќе има врз зимскиот туризам, бидејќи се менуваат начините на кои се манифестираат врнежите, особено снежните врнежи во Република Македонија. Оние туристички капацитети што нудат ски-туризам и зимски туризам, а се на пониска надморска височина ќе бидат засегнати, изјави Брнс.

Тој смета дека овие туристички капацитети можат да се преместата на повисока надморска височина со цел да ги избегне последиците од климатските промени и од згоелмувањето на температурата.

Раководителот на проектот за изработка на третиот Национален извештај за климатски промени Павлина Здравева истакна дека климатските промени не влијаат секогаш негативно. Во сите сектори, па и во туризмот, нагласи таа, има можност да се преадаптираат.

- Резултатите од Извештајот треба да се земат во предвид и да се вклопат во развојните планови на Владата. Ако Владата планира да го промовира зимскиот туризам важно е дали во зима ќе има снег и слично, истакна Здравева.

12.11.2013 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега