Поликлиниката во Чаир доби истурен шалтер

 

Денеска Фондот за здравствено осигурување во Македонија отвори истурен шалтер во поликлиниката во Чаир.

Осигурените лица, здравствените установи, избраните лекари, како и обврзниците за плаќање здравствен придонес од овој шалтер ќе добиваат различни услуги, како пријави – одјави за здравствено осигурување, прием на ИЛ обрасци, печатење на сини картони, одјава/пријава од матичен лекар, потврди за платен придонес, потврди за ослободување од партиципација во цената на здравствените услуги за крводарители и лица со посебни потреби.

На пуштањето присуствуваа директорите на Фондот Јован Грповски и Џемали Мехази и на Здравствен дом Скопје Татјана Баевска-Вучковиќ.

Истурениот шалтер на ФЗОМ во Чаир е трет од ваков вид, по Драчево и Ѓорче Петров. 

најчитано сега