Унгарците се живи и здрави - успешно заврши потрагата на Езерската полиција во Охрид
Тројцата унгарски туристи се здрави и живи. Полициски извори на Press24 инофмираат дека тројцата унгарски туристи по кои денеска се трагаше цел ден туку што се пронајдени здрави и живи во водите на Охридското Езеро. Тие се уште биле во своите кајаци. Полицијата во моментов разговара со нив, повеќе детали најавуваме за подоцна.
Вчера вечерта чуварот во авто кампот градиште пријавил дека тројца турсти со кајаци влегле во водите на Охридското Езеро и дека од тогаш им се губи трагата