Циклон над Македонија - подгответе се за многу дожд

 

Од утре, целата територија на Македонија ќе потпадне под влијание на циклонот Теодор кој ќе донесе обилни врнежи.

Понеделнички неделата ќе ја започнеме со облачно време и повремени врнежи од дожд. Вечерните часови ќе донесат и нешто поинтензивни врнежи пред се во јужните делови од земјата, пишува специјализираниот портал за временска прогноза, Метеопро. Ветерот ќе биде претежно слаб, но на моменти околу пладне ќе имаме локално умерен ветер. Во првата половина од денот ветерот ќе биде претежно од југоисток, а потоа ќе премине во источен. Температурниот максимум ќе биде во границите помеѓу 15°С и 18°С  на пониските места, а на повисоките помеѓу 11°С  и 14°С.

Се очекува вкупно да наврнат 15 до 20 литри на метар квадратен.

Во Скопскиот регион ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Во вечерните часови ќе има тенденција на интензивирање на дождот. Ветерот ќе биде југоисточен и претежно слаб. Максималната температура ќе достигне 17°С, а утрото ќе биде потопло од претходните со минимална температура до 9°С.

 

 

10.11.2013 - 21:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега